
Заврши основниот дел од Првата кошаркарска лига на Македонија, сега ќе следуваат натпреварите од плеј-офот и плеј-аутот.
Плеј-офот ќе биде малку изменет во однос на претходноит есезони, бидејќи четвртфиналето за првпат ќе се игра до три добиени натпревари, по систем 2-2-1.
Во четвртфиналето ќе се соочат МЗТ Скопје кој заврши на првото место во регуларниот дел против Гостивар кој беше осми. Второпласираниот Работнички против седмопласираниот Феникс, Третопласираниот Пелистер во дуел со шестопласираниот Еуро Никел од Кавадарци, а пак четвртопласираниот Чаир ќе игра против ТФТ Скопје, екипа која во регуларниот дел заврши на 5. место.
Во плеј-аутот борба за опстанок ќе водат четири екипи. Кожуф е прв во овој дел со 27 бодови, колку што има и Охрид кој е втор, на третото место со 26 бодови е ФМП Академија, а на последното место е Вардар со 25 бодови.
Во првото коло од плеј-аутот Кожуф ќе биде домаќин на Вардар, а пак Охрид ќе биде домаќин на ФМП Академија. Во овој сегмент ќе бидат одиграни шест кола, односно по еден натпревар дома и гости, секој против секого.
Првите две места гарантираат опстанок во кошаркарската елита на Македонија, а последните две водат кон испаѓање во Втората лига.
Александар Ванев, М-Нет