Штипската ракометарка Марија Анчева убедливо најдобар стрелец во Суперлигата

По 18 одиграни кола во женската ракометна Суперлига, штипјанката Марија Анчева е убедливо најдобар стрелец со 237 погодоци.

Анчева која е ракометарка на штипски Астибо, во просек постигнуваше по 13 погодоци на овие 18 натпревари.

На листата на најдобрите пет стрелци во Суперлигата, на второто место е Емилијана Ризовска од Ѓорче Петров со 154 погодоци, или 83 погодоци помалку од Анчева која е убедливо најдобра.

На третото место на листата на стрелци е Ивона Трпеска од Вардар со 146 погодоци, Јована Конева од Овче Поле е на 4. место со 133 погодоци, а пак Ангела Гроздановска од Спартак Скопје со 132 погодоци е на 5. местото.

Во следното 19. коло Астибо ќе игра против Вардар во Скопје, па останува прашањето, колку погодоци Марија Анчева ќе постигне на овој меч.

Александар Ванев, М-Нет