Казанџиска: Сите училишта се подготвени за полагање државна матура!

Речиси сите училишта во државата се подготвени за новиот начин на полаѓњ на државна матура. Исклучок е само едно училиште во Скопје, на кое се работи во моментот. Согласно начинот и просторот на полагање, оваа година има измени со тоа што учениците ќе полагаат во сали наместо во училниците како претходните години. Билјана Казанџиска посочи дека целта е матурата да се спроведе на поефективен начин за разлика од претодните години.

„ Државниот испитен центар заедно со државниот матурски одбор, веќе неколку пати оддржаа состаноци на кои беше разговарано за начинот на полагање на државна матура и прилагодување на простор каде што учениците ќе полагаат матура. До сега немаме никакви проблеми сите училишта имаат фискулутрни сали, холови каде што учениците ќе полагаат матура. Имаме само проблем во Скопје но наскоро тој проблем ќе биде решен и тие ученици ќе полагаат на отворен простор. Искуствата од минатата година покажаа дека контролата на учениците во затворени простории во смисол на користење на мобилни телефони, и поткажување не беше баш ефективен“.- вели Казанџиска

Инаку државната матура опфаќа: задолжителен дел, изборен дел и проеткна задача. Таа служи за селекција на кандидатите за запишување на високо образование. Во Штип во средните училишта има пријавено 475 ученика кои ќе полагаат државна матура, 104 кои ќе полагаат завршен испит и тројца ученика кои ќе полагаат училишна матура.

Лаура Стојанова М-Нет