
Овој викенд се одиграа натпреварите од 14. коло од Општинската фудбалска лига во Велес, а во рамки на истото екипата Илинден која е на првото место со 0:3 славеше над Чашка, Башкими со 3:1 ја декласираше Богомила, Младост со 2:1 беше подобар од составот на Горски, а пак Согле со 2:1 ја доби екипата на Мартолци.
Триумф со 2:0 запиша екипата на Форца Нова над Тополка, а во оваа коло слободна беше екипа на Бабуна.
Во однос на табелата во Општинската фудбалска лига екипата на Илинден е на врвот со 34 бодови, колку што има и Башкими кој е втор. На третото место е Бабуна со 26 бодови, Согле е место подолу со 22 бодови. На 5. место е Богомила со 18 бодови, Форца Нова е шеста со 13 бодови, Мартолци е место подолу со 11 бодови на своето конто колку што има и Тополка и Младост кој е на деветтото место.
На 10. место е Горски со осум бодови, а толку бодови има и Чашка која е на дното.
Александар Ванев, М-Нет