
Дербито на 13. коло во Третата македонска фудбалска лига – Исток се одигра во Виница каде ланскиот второлигаш Слога со убедливи 3:0 го совлада лидерот Вардарски од Богданци, дерби кое можевте ексклузивно да го следите во живо на телевизија М Нет.
Давид Ристовски погоди во 32. минута од мечот со што го отвори Вардарски за водство од 1:0, резултат со кој се замина и на полувреме. Во вториот дел новото засилување Игор Ѓорѓиев постигна погодок за двојна предност од 2:0.
Вардарски се обидуваше да постигна гол со што би можел да се врати барем во игра за бод, но сепак домашниот тим не дозволуваше такво нешто, а во 92. минута Асан Рифадов погоди за конечни 3:0.
Дербито во Дојран заврши со триумф за Дојранско Езеро од 2:1 против Овче Поле. Домашниот тим со гол на Миле Упчев во 15. минута дојде до водство од 1:0, а во 54. минута Дарио Димковски си постигна автогол. Во финишот на мечот Дарко Нацев ги постави конечните 2:1.
Рудар конечно се израдува на триумф и три бодови откако со голот на Марио Атанасовски во 43. минута дојде до минимален но голем триумф над Малеш во Берово.
Карбинци како кула од карти се распадна во Струмица каде доживеа вистински потоп, откако Тиверија со 6:0 го торпедираше тимот на Карбинци и го втурна во тешка борба за опстанок.
Јани Јанков беше двоен стрелец за Тиверија, а по еден гол запишаа Трајче Димитриев, Димче Митров, Ване Новков и Никола Трајков. Поради физички напад црвени картони добија Филип Андонов и Ване Марков.
Лидер е Вардарски со 27 бодови на своето конто, Овче Поле е втор со 23 бодови, Слога е трета со 20 бодови, но и со меч помалку во однос на лидерот, а на 4. место е Дојранско Езеро исто така со 20 бодови.
На 5. место со 19 бодови е Тиверија, ударник е шести со девет бодови колку што има и Рудар кој сега е седми. На осмото место е Карбинци со осум бодови, колку што има и Малеш кој е на дното.
Александар Ванев, М-Нет