
Со свечена манифестација, наградување на студенти со најдобар успех УГД Штип го прослави својот 17 роденден. Највисока цел е подобрување на квалитетот на студентите, поврзување со европски универзитетски алијанси, активности за подобрување на условите за работа на вработените. Ректорот, Дејан Мираковски истакна дека квалитетна настава и инвестирање во научно-истражувачките работа за студентите и наставниците се приоритетите на Универзитетот „Гоце Делчев“
„Ние имаме чест во име на овој свечен ден да ги наградиме најдобро дипломираните студенти на универзитетот во текот на 2023 година, како и да доделиме благодарници на нашите соработници, институции и личности кои допридонесуваат во развојот на универзитетот. За нас највисока цел е подобрување на квалитетот на студентите“ – вели Мираковски.
Сузана Мицева според просекот е најдобар студент на Филолошкиот факултет од катедрата за македонски јазик за изминатата година. Мицева истакна наградата е потврда дека Универзитетот „Гоце Делчев“ го препознава трудот и ги почитува поединците кои се истакнуваат од своите колеги.
„Оваа награда е потврда дека УГД го препознава трудот, дека ги почитува поединците кои се истакнуваат од своите колеги, но и една порака дека понатаму државата ќе мора да ги мапира тие потенцијали и да вложува во нив затоа што и се потребни на заедницата и на Македонија“ – вели Мицева.
На свечената акдемија по повод 17 години постоење на УГД-Штип, присуствуваа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, пратеници во македонското Собрание, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, како и ректори и делегации од Универзитетите од земјава и странство. Министерот за транспорт и врски, Бочварски истакна дека Универзитетот „Гоце Делчев“ се гради и развива како вистинска образовна институција, во која се едуцираат кадри кои ја гарантираат иднината на државата.
„Универзитетот се гради, се развива како високо образовна институција, секеоја генерација гради нови кадри кои ја градат иднината на државата. Од тој аспект сакам да истакнам дека секогаш во овој изминат период сум имал одлична соработка со двајцата ректори“ – вели Бочварски.
Стуидентите по медицина мереа шеќер во крвта и крвен притисок на четири локации во градот.
„Ја продолжуваме онаа традиција на медицински акции за нашите граѓани. Студентите од медицина имаме поставено штандови на четири локации во градот, каде вршиме бесплатни здравствени услуги, на мерење на шеќер во крвта и крвен притисок“ – вели Жежова.
На денешната манофестација, ректорот Мираковски посочи дека тенеденција е да се продолжи со вложувања за студентите и кадарот, и достоинствено наредната година да се прослави полнолетството на универзитетот.
Лаура Стојанова М-Нет