„Водата ја штеди оти пари вреди“ – основците во Штип запознаени со начините како да ја штедат водата

Преку презентација на тема „Водата ја штеди затоа што пари вреди“ во Општина Штип основците од петте основни училишта се запознаа со начините како да се заштеди водата. Презентацијата се реализираше во пресрет на одбележување на светскиот ден на водите, 22 март. Големите загуби на вода се секојдневие, и току затоа треба да се работи на подигање на свеста кај граѓаните да ја штедат водата, а тоа најлесно може да се постигне ако свеста започне од најмали нозе односно од децата.

„Се одржа кратка презентација на децата од основните училишта како да ја штедиме водата, бидејќи знаеме дека имаме големи загуби на вода и истата треба да ја штедиме.“ – вели Везенков.

Една третина од популацијата нема чиста вода за пиење. Токму затоа водата треба да се штеди пример кога се мијат заби, кога се полеваат цвеќиња и слично. На таков начин водата ќе ја користиме сите и ќе ја имаме.

„Има некои пораки, на пример кога миат заби водата да не тече без потреба, или на кој начин да ги полеваат цвеќињата, во кој период од денот и слично. На тој начин децата се учат уште од најмали нозе да ја штедат водата за да ја имаат“ – додава Везвенков.

Светскиот ден на водата се одбележува секоја година низ целиот свет на 22 март со цел да се потенцира важноста на водата и да се подигне свеста за кризата со вода со која се соочува светот.Резолуцијата за одбележување на Светскиот ден на водата беше усвоена од Генералното собрание на ООН на 22 декември 1992 година, по што 22 март беше прогласен за Светски ден на водата и се слави низ целиот свет од 1993 година.

Лаура Стојанова М-Нет