
Лидерот во Првата женска кошаркарска лига екипата на Баскет Кам со убедливи 84:54 славеше над Крива Паланка на домашен терен. Вардар со тесни 59:58 го доби МЗТ Скопје, додека пак Куманово Гризли со 72:83 го доби Бадел на гостински терен.
„Фенерџијата“ Струга ја продолжува резултатската криза откако го запиша петтиот пораз во низа, по поразот на домашен терен од Пробаскет со резултат од 49:64.
Во однос на табелата Баскет Кам е лидер со 34 бодови, Вардар е втор со 31 бод, на делба на третото место се Куманово Гризли и МЗТ Скопје со по 29 бодови. На 5. место е Крива Паланка со 27 бодови, на шестото е Пробаскет со 24 бодови, колку што има и Бадел кој е на седмото место или во бараж зоната за опстанок, а на дното е Струга со 18 бодови односно во бараж зоната за опстанок.
Александар Ванев, М-Нет