Со мерење очен притисок во Штип одбележана Неделата на борба против глаукомот

Со мерење на очен притисок и дијоптрија се одбележа Неделата на борба против глаукомот. Студентите и наставниот кадар на Факултетот за мединцински науки при УГД мереа очен притисок бесплатно, со цел да се подигне свеста кај граѓаните барем еднаш годишно да направат контрола. Ова произлегува поради фактот дека болеста глауком е подмолна болест без симптоми, а е втора причина за слепило на светско ниво.

„Нема никакви симптоми, а перманетно го оштетува очниот нерв и знае оваа болест да биде толку подмолна, кога пациентите ќе дојдат кај очен лекар да имаат сериозни нарушувања на очниот нерв и со тоа да има траен губиток на видот. Апел е еднаш годишно е пациентите да си го прегледат очниот притисок се со цел рано откривање“ – вели Газепов.

Газепов истакна дека глаукомот има генетска компонента, но и модерниот начин на живот, кој носи стрес, како и недоволна физичка активност придонесуваат за појава на очниот притисок. Шефот на кабинетот за глуком при Очната клиника во Скопје, Ирина Богданова истакна дека денеска се приклучуваат на акцијата за одбележување на Неделата на борба против глаукомот во Штип. Таа додаде дека во текот на изминатата недела во повеќе градови низ земјава се направени бесплатни акции за мерење на глаукомот или очниот притисок.

„Мора да се напомене дека се повеќе имаме пациенти и е зголемен бројот, токму и заради тоа сакаме да алармираме за ова заболување. Границата е поместена, пред неколку години глаукомот се појавуваше над 50 или 60 години, сега е проблемот што ја зафаќа таа една работна група од 40 до 50 година, се уште ги истражуваме ризик факторите, иако само на почеток се сметаше дека е наследниот ризик фактор. Но, сега гледаме и дека други фактори има коишто се јавуваат, стресот, работењето на ноќна светлина, на неубава светлина итн. Се уште ги истражуваме ризик факторите“ – вели Богданова.

Поголем дел од денешните резултати беа во вредност кои се во нормала.

Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека како Универзитет активно се вклучуваат во сите кампањи, во кои се вклучени студентите и наставниот кадар.

Согласно праксата од претходните години од 12 до 15% од сите прегладани граѓани имаа покачен глауком.

Лаура Стојанова М-Нет