
Портокалите и лимоните на листата најбарани производи на пазарот во Штип. Последениот пазар пред големиот христијански празник Прочка може да се дефинира како задоволителен. Раздвиженост се бележеше уште рано утринава, побарувачката беше солидна за производи кои држат лански цени. Пазарџиите согласни дека денеска најмногу се бараат портокалите, ама не изостана и зелената салата, краставиците и доматите.
„Денеска се бараат најмногу портокали, традиционално за празникот Прочка во недела, добро е има побарувачка, има народ и раздвиженост. Реалната цена е 50 денари за килограм, прва класа, лимонот е 60 денари се бара и тој за баклава.“ – велат продавачите.
За купувачите и денеска скапо, но тоа се должи на нивните ниски примања, велат. Согласни се дека некој килограм портокали мора да се купат за Прочка како и лимони за баклава.
„Скапо е за нас пензионерите скапо е. “ – велат купувачите.
Споредбено со претходните пазари во Штип драстични промени во цените на производите нема, а не се очекува ни во наредниот период. Задоволително е и производството овој период од годината оти тезгите на пазарот изобилуваат со секоаков вид овошје и зеленчук.