Пелистер очекувано славеше над Вардар, Охрид сака победа над Феникс

Вчера со победата на Пелистер од 74:86 над Вардар беше отворено 20. коло од Првата кошаркаска лига на Македонија. Сосема беше очекувана победата на битолачани со што трката за првото место станува неизвесна.

Денес ќе бидат одиграни два натпревари. ТФТ Скопје дома ќе игра дерби против Еуро Никел од Кавадарци, а дерби за целиот „плен“ ќе играат и Чаир со МЗТ Скопје.

Во сабота ФМП Академија на домашен терен против Гостивар ќе бара позитивен резултат, лидерот Работнички како апсолутен фаворит ќе го пречека тимот на Кожуф од Гевгелија. Колото ќе се комплетира во недела со натпреварот меѓу Феникс и Охрид во дуел каде охриѓани одат на победа во неизвесната борба за опстанок.

Александар Ванев, М-Нет