Овој викенд во ЖИВО: Каменица Саса – Башкими на М Нет ТВ и Детонит Плачковица – Тетекс М Нет Спорт

Викедот се играат натпреварите од 21. коло од Втората македонска фудбалска лига, а гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност во живо да проследат два натпревари.

Овој викенд во Македонска Каменица ќе се одигра мечот меѓу Каменица Саса и Башкими каде „рударите“ немаат право на грешка во борбата за опстанок. Овој викенд отвореното студио на телевизија М Нет ќе биде во Македонска Каменица каде гостин ќе биде Драгана Костова, фудбалерка на ЖФК Каменица Саса, репрезентативка и прва жена тренер на машка екипа во Македонија.

На М Нет Спорт ќе може да го следите натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Тетекс кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Радовиш каде радовишани се апсолутни фаворити за трите бодови. Градскиот стадион во Радовиш и понатаму е „неосвоена тврдина“ каде никој ниту гол дал ниту бод освоил.

Преносите на телевизија М Нет од Македонска Каменица и од Радовиш ќе започнат во 15 часот, а отвореното студио ќе започне 15 минути претходно.

Александар Ванев, М-Нет