Важни натпревари во Неготино и Македонска Каменица, Новаци и Победа за прв пролетен триумф

Во недела на програмата се натпреварите од 21. коло од Втората македонска фудбалска лига, а оваа коло ќе бидат одиграни неколку важни натпревари пред се во долниот дел од табелата и борбата за опстанок.

Беласица на домашен терен ќе го пречека тимот на Осогово каде „жетварите“ ќе имаат тешко гостување во Струмица за позитивен резултат, Детонит Плачовица на Градскиот стадион во Радовиш ќе го пречека тимот на Тетекс во меч каде домашниот тим е апсолутен фаворит за трите бодови.

Во Автокоманда на „Железарница“ ќе се одигра дерби меѓу Скопје и Охрид во дуел за петтото место. Каменица Саса на домашен терен игра важен меч против Башкими во меч кој живот значи кога е во прашања опстанокот на „рударите“.

Караорман на домашен терен ќе игра против фаворитот Пелистер, Кожуф дома против лидерот Беса ќе бара прв пролетен триумф, додека пак Новаци и Победа ќе играат дерби исто така за прв пролетен триумф.

Интересно и неизвесно ќе биде во Неготино каде на „Цвај арената“ ќе се соочат Вардар и Арсими во меч каде трите бодови се императив за гостите од Чегране кои го напаѓаат третото место кое води во баражот за Прва лига.

Сите натпревари ќе започнат во 15 часот.

Александар Ванев, М-Нет