
Овој викенд во Трета лига – Југ ќе се одиграат натпреварите од 13. коло. Некогашниот второлигаш Локомотива во Градско ќе игра против Марена, Ултрас ќе го пречека „фенерџијата“ Бучин, гостинот ќе атакува на први бодови, лидерот Борец како фаворит ќе ј пречека Слога, Превалец ќе биде домаќин на Питу Гули од Крушево.
Во оваа коло слободна е екипата на Големо Коњари.
Во Трета лига – Исток ќе се играат натпреварите од 11. коло. Дојранско Езеро на домашен терен ќе игра против Ударник, Малеш на домашен терен го очекува тежок натпревар против лидерот Вардарски, во Струмица ќе се соочат Тиверија и второпласираниот Овче Поле, а пак дерби од дното за опстанок ќе играат Карбинци и Рудар.
Во оваа коло слободна е екипата на Слога Виница.
Во Трета лига – Запад се играат натпреварите од 12. коло Речица на домашен терен ќе игра со Љуботен, Камјани ќе ја пречека Дрита, лидерот Влазрими како фаворит ќе игра против Зајази, а пак некогашинот прволигаш Напредок од Кичево ќе игра против Џепчишти, во меч каде трите бодови се повеќе од важни за Напредок во борбата за опстанок во Трета лига – Запад.
Викендот во Трета лига – Север се играат натпреварите од 16. коло. Фортуна на домашен терен ќе игра против поранешниот второлигаш Кадино, Беса Влазрими ќе се соочи со Башкими Љуботен, „фенерџијата“ ССК Нова ќе игра со ланскиот второлигаш Локомотива Пехчево, Риниа ќе биде домаќин на Петровец.
Лидерот Куманово на домашен терен ќе игра со Аеродром, Бутел ќе биде домаќин на фаворитот Шкендија од Арачиново, БВК Коњаре ќе игра дерби со поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ.
Овој викенд започнува пролетниот дел и во Трета лига – Југозапад со натпреварите од 10. коло. Лирија на домашен терен ќе игра со Светлост, Демир Хисар ќе се соочи со Преспа од Ресен, Влазними ќе биде домаќин на Сатеска од Волино, а пак лидерот Кораб на домашен терен ќе игра против Јанг Тим. Во првото пролетно коло слободна е екипата на Кравари.
Александар Ванев, М-Нет