Штипски Соколи со голема победа над „фенерџијата“ Тетекс, лидерот Куманово убедлив

Овој викенд се одиграа натпреварите од 18. коло од Втората кошаркарска лига на Македонија.

Екипата на Соколи од Штип на гостувањето во Тетово забележа голема победа од 92:105 над „фенерџијата“ Тетекс.

Лидерот Куманово пресилен за Мега Баскет со 94:40, Работнички 2018 дома загуби од Водно Санс со 66:84, Ангели беше сигурен во дуелот со МЗТ Скопје Уни Банка откако славеше со 68:58, а пак Шкупи го доби дербито со Маџари со 87:80.

Екипата на Борец Баскет беше слободна во оваа коло.

Лидер на табелата е Куманово со 34 бодови, Шкупи е втор со 29 бодови, колку што има и Маџари кој е трет.

На 4. место е Ангели со 28 бодови, МЗТ Скопје Уни Банка е петти со 26 бодови, Борец Баскет е шести со 23 бодови, штипски Соколи е на седмо место со 22 бодови колку што има и Водно Санс.

На 9. место е Мега Баскет со 21 бод, Работнички 2018 е претпоследен со 19 бодови, а на дното е Тетекс со 17 бодови.

Александар Ванев, М-Нет