Специјално комунално возило ќе набави Општина Карбинци за потребите на ЈП Плачковица. Со помош на ова возило смет ќе се собира и од плачковичките села, што не беше пракса до сега. Возилото ќе биде со двојно поголем капацитет од сегашното однонсо со капацитет од 10 кубика. Во крајна фаза е подготовката на тендерската постапка, со што се очекува до крајот на летото претпријатието да добие ново возило.

„Општина Карбинци спроведе форумски сесии на кои граѓаните потенцираа дека приоритет е да се набави ново возило за собирање на смет. Ова е од големо значење и за нас. Ќе се прошири капациетот за собирање на ѓубре во повеќе населени места кои досега не биле опфатени“ – вели Коцева.
Во меѓувреме продолжува процесот за чистење на дивите депонии на територија на Карбинци. Коцева потенцира дека се во завршна фаза, со што се очекува местата каде некогаш се собирало ѓубре да бидат претворени во зелени површини согласно потребите на граѓаните.
„Со чистењето на дивите депонии во Карбинци сметот го одлагаме во Штип со што се зголемени трошоците за транспорт. Чистењето на дивите депонии е во завршна фаза, сега следува фаза на затрупување на почвата и оплеменување односно озеленување на површините кои претходно беа депонии.“ – додава Коцева.
Целата на ЈП Плачковица е подобро место на живеење за сите. Токму затоа се работи на кревање на свеста кај граѓаните да не го оставаат ѓубрето на места кои не се за таа намена и на таков начин да создаваат диви депонии. Децидна е дека заеднички може да се зачува чиста животната средина.
Лаура Стојанова М-Нет