
Изминатиот викенд се одигра меѓународниот турнир во организација на ФК Куманово Еуроспорт по повод 20 години од основање на клубот, а на кој настапија звучи имиња од Европа.
Осум екипи поделени во две групи по четири преку групна фаза се бореа за првото место.
Од осум различни држави, со навивачи, поддршка од родителите на теренот во Речица, овој турнир беше место за уживање во вистинската фудбалска магија на фудбалерите од генерација 2013.
Турнирот го освои српскиот гигант Црвена Ѕвезда, просладата беше проследната со верните „Делии“ кои пристигнаа во Речица со цел да ги бодрат младите фудбалски таленти.
На второто место заврши шпанскиот гигант Депортиво Ла Коруња, на третото место заврши домаќинот Куманово Еуроспорт.
Четврта екипа на турнирот беше Сарајево од БиХ на петото место заврши Бруње од Словенија шеста екипа на турнирот беше Бершот од Белгија, на седмото место заврши ЦСКА Софија од Бугарија, а пак на последното осмо место на табелата беше екипата на Малта од Малта.
Телевизија М Нет беше медиумски покровител на овој турнир на кој учествуваа осум екипи. Гледачите на телевизија М Нет имаат ексклузивна можност да ги проследа сите натпревари од овој турнир преку директни преноси.
Александар Ванев, М-Нет