
Во последните две години дрстично е зголемен бројот на отуѓени градежни парцели наменети за домување на теритроија на Општина Штип. Градежни парцели наменети за домување најчесто се продаваат во периферните населби од градот. За домување најмногу парцели се продадени во штипската населба Баби, додека пак за колекттивни згради во населбите Дузлак, Пребег и Сењак.
„Во периодот од 2021 година па до сега во Општина Штип се спроведени вкупно 21 постапка за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање за индивидуални и колективни станбени згради. Од вкупно 21 постапка, на осум е предвидено да се изградат колективни згради, а 13 за индивидуални станбени згради.“ – вели Хаџи Николов.
Најмногу договори за купопродажба има во 2022 година, од кои најмногу односно две четвртини се нови станови. Најчесто странци купуваат станови во Штип.
„До сега во овие два месеца од 2024 година општината има наплатено 18 милиони денари, абројките во претходните години во 2023 се 64 милиони денари, а во 2022 година најмногу 73 милиони денари. Во 2022 има најмногу обработени договори за купопродажба, точно 955, од кои 400 се за купопродажба на станови.“ – додава Ристов.
Инаку, поради изборите во моментот нема продажба на градежно земјоиште со намена домување на територија на Општина Штип. По завршување на изборите, предвидено е отуѓување на градежно земјиште за изградба на колективна станбена зграда во населбата Автокоманда, во Дузлак и во населбата Пребег.
Лаура Стојанова М-Нет