
Утре на програмата е вториот дел од меѓународниот турнир во Куманово каде настапуваат големи фудбалски гиганти од Балканот и Европа.
Денес со четири натпревари беше отворен меѓународниот турнир во организација на ФК Куманово Еуроспорт кој се организира по повод 20 години од основањето на клубот.
На првиот натпревар шпанскиот гигант Депортиво Ла Коруња славеше над Бриње Гросупље со минимални 1:0, на вториот меч екипата на Црвена Ѕвезда во финишот стигна до триумф од 2:1 над белгиски Бершот.
Во третиот меч видовме вистинска голеада, откако ЦСКА Софија беше декласирана со 1:8 од екипата на Сарајево. Во последниот ме домаќинот Куманово Еуроспот со 0:3 беше поразен од Депортиво Ла Коруња.

Утре ќе биде вистинска фудбалска магија на теренот во Речица. Вториот натпреварувачки ден започнува во 9 часот со соочувањето на Бриње и Малта, еден час подоцна Црвена Ѕвезда ќе игра против Сарајево, во 11 часот Бершот ќе се соочи со ЦСКА Софија, потоа Малта ќе игра против Куманово Еуроспорт.
Во 13 часот Црвена Ѕвезда ќе се соочи со ЦСКА Софија, еден час подоцна Бершот со Сарајево, во 15 часот Депортиво Ла Коруња ќе игра со Малта, а пак Куманово Еуроспорт ќе се соочи со Бриње во меч од 16 часот, а со овој натпревар ќе биде затворен и вториот натпреварувачки ден.
На турнирот настапуваат осум екипи кои се во две групи. Во групата А екипата на Депортиво Ла Коруња е лидер со шест бодови, втор е Бриње со три бодови, на третото место е Куманово Еуроспорт и Малта, екипа која ќе настапи утре за првпат на турнирот. Во групата Б лидер е Сарајево со три бода, Црвена Ѕвезда е втора исто така со три бодови, на третото место без бодови е Бершот, а на дното исто така без бодови е ЦСКА Софија.

Гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност да ги проследат сите натпревари во ЖИВО преку директни преноси, а со тоа и оние кои живеат во странство ќе може да уживаат во фудбалската магија на младите фудбалери, бидејќи покрај на телевизија М Нет, преносите ќе се емитуваат и на фејсбук страниците на телевизија М Нет, како и спортскиот канал М Нет Спорт, на YouTube каналот на телевизија М Нет, а телевизија М Нет е достапна и преку IPTV.
Овој меѓународен турнир ќе биде медиумски поддржан од телевизија М Нет, односно сите натпревари од турнирот ќе може да ги следите во живо на телевизија М Нет, како и на фејсбук страниците на телевизија М Нет и YouTube каналот на телевизија М Нет.

Александар Ванев, М-Нет