
Капитенот на Беса, Џемаил Есати се оперираше по повредата која ја заработи на пријателскиот натпревар против Македонија ЃП пред почетокот на пролетната полусезона.
Есати заработи тешка повреда на лигаментите на коленото и мораше да се оперира, а сега е на домашно лекување, па во неговиот дом го посетија претставници од клубот.
Во неговиот дом го посетија комесарот Илбер Зеќири, заменик комесарот Лабинот Амети, како и портпарол на клубот Абдула Јонузи кои му посакаа брзо закрепнување и брзо враќање на фудбалските терени.
Победата над Осогово во првото пролетно коло Беса ја посвети токму на капитенот Есати.
Александар Ванев, М-Нет