
Околу 300 граѓани, одноно 43 семејства кои во моментот живеат во субстандардни услови во зградите на поранешнто Нерво одделение и во стари куќи во централното градско подрачј ќе бидат сместени во новите типски куќи. Тендерските постапки почнаа, со што истите ќе бидат изградени во штипската населба Света Недела. Проектот за општините Штип и Берово е вреден 900 илјади евра, од кои 500 се за Штип.
„Се работи за проект во износ од некаде околу 900 илјади евра, од кои 500 илјади евра заедно со кофинансирање припаѓаат на Општина Штип и проектот предвидува и инфраструктурни зафати и се разбира меки мерки или урбанистичко планирање на населбата кадешто живее Ромскот население во нашата Општина и мерки со кои ќе се подобри здравјето и воопшто животот на Ромите во нашата општина.Во однос на инфраструктурниот дел би сакале да ја известиме јавноста дека од наредната недела ќе започнат активностите за објавување на тендерски постапки преку кои ќе обезбедеме економски оператори, а кои ќе бидат одговорни за реализација на монтажните, односно типските објекти “ – вели Шорова-Ангелова.
Таа посочи дека општината со 43 ромски семејства работи извесен период и веќе ги имаат потпишано изјавите, со кои се согласни да се вселат во новите типски куќи во населбата Света Недела. Освен изградба на куќи, општината ќе биде должна да изгради водоводна и канализациона мрежа, осветлување и улици во населбата. Рокот на завршување е од 15 до 60 дена.
„Проектот мора да се реализира во рок од осум месеци, што значи дека во тој период не само што ќе треба да овозможиме овие лица да бидат преселени веќе таму, туку ќе мора да завршиме и со урбанистичката, односно планската документација со која што ќе овозможиме да се урбанизира тој дел од нашиот град“ – изјави Шорова-Ангелова.
Изградбата на типските куќи во населбата Света Недела има и големо значење и за доизградбата на булеварот „Партизанска“, во должина од еден километар од зградата на Автомото друштвото до населбата Баби.
Лаура Стојанова М-Нет