Кај пазарџиите нема инфлација – цените на пазарот во Штип исти како претходниот петок

Иако врнежлив сепак раздвижен пазарен ден во Штип. Пензионерите утринава зедоа пензија, па тоа го почувствуваа и пазарџиите, според кои пазарот е од задоволителен карактер. Велат дека цените се исти како и претходниот петок без драстични промени, а така ќе останат и во наредниот период. Единствено што загрижува е фактот дека нема кој да работи, млади се помалку има во земјоделие, па за неколку години производството ќе биде значително намалено.

„Не е лош, има раздвижување, луѓето имаат земено пензија и така. Цените се исти како и претходно. Кај нас инфлација нема. Производството, зелка има повеќе, инаку пипер, домат, краставвица нема, нема кој да работе“ – велат продавачите.

На ваквите цени на производите се навикнати и купувачите, велат пазарот е идентичен како и претходниот петок. Производството на пазарот според нив е задоволително, однонсо избор има.

„Има избор, пазрот е ист како и претходно, нема покачување на цените.“ – велат купувачите.

И денеска најмногу се бараше младиот лук и кромид, марула, спанаќ, нешто помалку побарувачката имаше кај краставицата и доматот, а на списокот најбарани производи беше и сезонското овошје.

Лаура Стојанова М-Нет