
Женската репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Грузија. Контролни средби ќе бидат одиграни во Тбилиси, Грузија.
Првиот натпревар ќе биде одигран на 25. февруари во 15 часот, а втората контролка ќе следува три дена подоцна, исто така од 15 часот.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов, за овие два контролни натпревари се одлучи да ги повика следниве фудбалерки.
ГОЛМАНИ:
Ведрана Комненова (Скопје 2014)
Кристина Павлоска (Шкендија)
ОДБРАНА:
Ана Милчевска (Ланчкахути, Грузија)
Сара Коларовска (Скопје 2014)
Сара Ефтинџиоска (Скопје 2014)
Кристина Мојсоска (Асс Јунајтед)
Едина Сулејмани (Асс Јунајтед)
Елена Панеска (Каменица Саса)
Катерина Петкова (Истатов 2015)
Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија)
СРЕДЕН РЕД:
Оливера Цоклеска (Асс Јунајтед)
Радица Велкова (Каменица Саса)
Хава Мустафа (Шкендија)
Александра Марковска (Љуботен)
Билјана Панеска (Тиверија)
Икмете Лимани (Ввеинберг 76, Германија)
Наташа Андонова (Леванте, Шпанија)
НАПАД:
Јилза Максути (Асс Јунајтед)
Веса Села (Асс Јунајтед)
Кристина Петрушевска (Истатов 2015)
Радица Чонева (Истатов 2015)
Гентијана Рочи (Купс, Финска)
Мила Панева (Скопје 2014)
Александар Ванев, М-Нет