Николовски: Голем интересот кај младите сточари во Виница да се регистрираат како мали оператори за храна

Младите земјоделци да останат во руралните средини и да продолжат да се занимаваат со земјоделство, идентично како и жените – ова е визијата на Министерството за земјоделство, со цел да се развиваат нови оператори за храна. Николовски од виничко денеска посочи дека ова како визија дава резултати, односно дека за само две години регистрирани се над 2.500 мали оператори за храна.

„Со измени во законската регулатива ја реализираме нашата визија да во четири години создадеме 2 000 нови, мали оператори за храна. Тоа се жени, млади кои останале во руралните средини, кои полесно се регистрираат како мали оператори за храна ккористејќи ги привилегиите и можностите на новите правилници за флексибилност“ – вели Николовски.

Дополнително креирани се нови мерки за малите оператори за храна и како што вели Николовски речиси во сите села во државата може да се забележат корисни на грантови за набавка на опрема како и за ангажирање на лица за производство на финални производи.

„Тоа денеска го видовме и во Виница каде има голем интерес од младите сточари да се регистрираат како мали оператори за храна и од праг да го продаваат своето сирење. “ – додава Николовски.

Овие политики се од пред три до четири години, а даваат резултат дециден е Николовски. Овие резултати особено се забележителни во Виница и виничко.

Лаура Стојанова М-Нет