Варадиновски: Катастрофални услови за игра, домаќинот подобро се снајде, ова нека ни биде поука!

фото: ТВ М Нет

Детонит Плачковица со пораз од 2:0 од екипата на Вардар Неготино ја започна пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига.

На „Цвај Арената“ во Неготино дефинитивно условите за игра беа многу лоши, а тоа го констатиравме и текот на преносот на телевизија М Нет, заедно со нашиот гостин во отвореното студио Никола Глигоров.

По натпреварот тренерот на Детонит Плачковица, Иван Варадиновски за телевизија М Нет рече дека условите за игра биле катастрофални, додава дека противникот нивните грешкки ги искористил, но констатира дека ова треба да биде поука за следните натпревари.

„Катастрофални услови за игра во кои домаќините подобро се снајдоа и ги искористија нашите наивни грешки. Нека биде ова една поука за понатамошниот тек на првенството. Честитки на домашната екипа за победата“, изјави Варадиновски за телевизија М Нет.

Во следното коло Детонит Плачковица на домашен терен ќе игра против екипата на Скопје на домашен терен.

Александар Ванев, М-Нет