Засилениот Гостивар до бод против ремонтираниот Вардар

Денес со воведниот меч од 19. коло беше отворена пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.

Засилениот Гостивар дојде само до бод против ремонтираниот Вардар откако девете екипи одиграа 1:1.

Двата погодоци паднаа во финишот од мечот, откако најпрво Ненад Мишковски постигна гол во 85. минута за водство на вардарци од 0:1, а во судиското надополнување Петар Слишковиќ постигна гол за конечни 1:1.

Колото ќе се комплетира утре со останатите пет натпревари. Во Штип се игра големото дерби меѓу Брегалница и Тиквеш, Македонија ЃП ќе биде домаќин на Шкендија. Работнички ќе го пречека шампионот Струга, Шкупи ќе се соочи со Воска Спорт, а пак Силекс ќе биде домаќин на Брера Струмица.

Александар Ванев, М-Нет