
Екипата на Караорман забележа голема победа во борбата за опстанок откако денес со минимални 1:0 ја доби екипата на Кожуф на домашен терен.
Херој во победата на стружани беше Агон Хајдерни кој погоди во 36. минута за конечни 1:0.
Караорман сега се пробива на 14. место односно во бараж зоната со 14 бодови на своето конто и пополека прави исчекор кон таа тешка борба за опстанок.
Скопје на домашен терен со минимални 1:0 ја доби Каменица Саса и на своето конто додаде нови три бодови. Антонио Божиноски уште во 2. минута постигна гол за 1:0, а овој резултат на крај беше и конечниот исход.
„Рударите“ сега влегуваат во тешка резултатска криза, откако загубија на „Железарница“ во Автокоманда, во тешката борба за опстанок во Втората лига.
Александар Ванев, М-Нет