
Фаворитот за Прва лига, екипата на Пелистер на домашен терен со 3:0 ја декласираше струмичка Беласица.
Битолчани ја имаа улогата на фаворити, а тоа беше потврдено уште во првиот дел кога Пелистер имаше 3:0 на полувреме. Симеон Христов беше двоен стрелец, а еден гол постигна Бојан Спиркоски.
Со оваа победа Пелистер се проби на второто место, а Детонит Плачковица сега е трет.
Арсими на домашен терен со 2:0 славеше над Новаци откако новото засилување Аљбин Рамадани постигна гол за 1:0, а во финишот на мечот Арѓент Гафури постигна гол за конечните 2:0.
Во Тетово екипите на Тетекс и Победа одиграа реми без погодоци за конечни 0:0 и поделба на бодовите.
Александар Ванев, М-Нет