
Екипата на Вардар Неготино направи изненадување против фаворитот Детонит Плачковица, откако на „Цвај Арената“ во Неготино со 2:0 го забележа шестиот сезонски триумф во Втората македонска фудбалска лига.
Гледачите на телевизија М Нет имаа можност да го проследат во живо натпреварот од Неготино со ексклузивен директен пренос, а од денес започнавме да го реализираме и проектот со отворени студија пред натпреварите од Втората и Третата македонска фудбалска лига.
Прв гостин во отвореното студија на телевизија М Нет беше тренерот Никола Глигоров, поранешен теренер на Тиквеш и токму Вардар Неготино.
Првиот дел на катастрофалниот терен за игра заврши со чисти мрежи 0:0. Во вториот дел Сунај Хасан во 72. минута постигна гол за водство од 1:0, по што домашниот тим со поддршката од верните „Винари“ и полната трибина на Градскиот стадион во Неготино зема храброст и направи притисок, а по една грешка на гостинската екипа, Флорент Османи во контра-акција постигна гол за конечни 2:0 во 83. минута.
Со овој важен триумф Вардар е многу блиску од обезбедување на сигурен опстанок во Втората лига.
Охрид на домашен терен претрпе пораз од екипата на Башкими со сигурно 0:2 забележа важен триумф во прогресот кон горниот од табелата и обезбедување на опстанокот многу порано.
Абдулвахит Мурати уште во 6. минута постигна гол за рано водство од 0:1 резултат со кој се замина и на полувреме. Во вториот дел капитенот на Башкими, Алпај Јусуф од слободен удар од 30 метри постигна атрактивен гол за конечни 0:2 во финишот од мечот.
Александар Ванев, М-Нет