
Утре стартува пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига со натпреварите од 16. коло.
Дел од екипите направија мали промени во ростерот, но дел направија и големи промени во своите редови.
Второлигашот Вардар од Неготино за пролетната полусезона се засили со девет играчи, а се раздели со осум играчи.
Во Неготино нови играчи се Сунај Хасан кој доаѓа од Дреница (Косово), Мартин Нејковски (Силекс, Марко Стојчески (Каменица Саса), Никола Павлески (Слога Виница), Димитар Јанкулов (Лас Интер – Австрија), Матеј Јордановски (Рудеш, Хрватска), Ѓорѓи Шишков, Петар Ристовски и Филип Слободановски (Брегалница).
Од клубот си заминаа Дарко Алексовски и Мартин Димоски во Каменица Саса, Илија Апостоловски (Тиквеш), Борче Гогов, Пане Гогов (Тиквеш), Дарко Николов (Слога Виница), Филип Петковски (Еуромилк ГЛ) и Христијан Костовски.
Вардар Неготино утре на домашен терен против второпласираниот Детонит Плачковица ја отвара пролетната полусезона. Гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност да го проследат во живо овој натпревар со почеток од 14 часот, а главен судија на истиот ќе биде Кирил Смоквоски од Прилеп.
Александар Ванев, М-Нет