„Вендинг“ машината во Штип веќе фунцкионира, граѓаните селекираат отпад и собираат поени за пазарување

Првата вендинг машина веќе е поставена и е во употреба во централното градско подрачје во Штип. Согласно претходно спроведените настани во градинките и училиштата, децата се запознени со начинот на складирање на отпад, а тоа сега може да го прават и на лице место со употреба на вендинг машината. Вакви машини е предвидено да бидат поставени во сите поголеми маркети во Штип, каде ќе се фрлаат пластични шишиња и алуминиумски лименки.

„Веќе е поставена една таква машина во централното градско подрачје во еден од маркетите и во преговори сме за поставување уште на три до четири машини во други маркети што значи да се покријат сите маркети во градот и едноставно да почнеме со примарната селекција на отпадот. Со тоа што оваа година продолжуваме и со едукативните настани и децата ќе може на лице место да ја изпробаат машината.“ – вели Везенков.

За користење на вендинг машината граѓаните треба да имаат на мобилните телефони инсталирано програма, преку која со секое фрлено шише може да собираат бодови и со истите да пазаруваат во некој од маркетите. На ваков начин Везенков вели дека ем ќе се селектира отпадот ем граѓаните ќе имаат корист од тоа.

„Се складира само пластични шишња и алуминиумски лименки. Има упатство како тоа функционира со кој дел се ставаат во машината, лицето треба да има акаунт односно сметка на фирмата на Пакомак со тоа што собира бодови и потоа со тие бодови може да пазари нешто од тој маркет.“ – вели Везенков.

Инаку, настаните за обука на најмалите беа со цел селекцијата на отпадот да започне од најмали нозе и да се практикува понатаму.

Лаура Стојанова М-Нет