Вардар пресилен за Саса со четири гола

ФОТО: АРХИВА ТВ М-Нет

Прволигашот Вардар денес ја одигра генералката пред стартот на пролетната полусезона против второлигашот Каменица Саса, а на овој тест “вардарци” беа убедливи со 4:1 против “рударите”.

По два гола за Вардар постигнаа Марјан Ристовски и Кеба Сусо.

Интересно е тоа што и двете екипи се последните на табелата и ги очекува тешка борба за опстанок. Вардар е последен во Првата лига, а Саса е последна во Втората лига.

Александар Ванец, М-Нет