
Тетовскиот прволигаш Шкендија го забележа третиот триумф на пријателските натпревари во рамки на подготовките за пролетната полусезона.
Македонсниот тим славеше против летонска Лиепаја со минимални 1:0.
Стрелец на единствениот гол за победа на Шкендија беше новото засилување Роналдо Вебстер кој во Тетово пристигна од Брегалница.
Крилниот напаѓач во 65. минута од мечот го постигна победничкиот гол.
Александар Ванев, М-Нет