
Вечерва најубедлива победа забележа екипата на Форца која со 11:2 го декласираше составот на Овче Поле кој немаше сили да парира.
Зоран Левески и Драган Петровиќ беа стрелци на по три гола, двоен стреелц беше Мартин Тодоровски, а по еден гол постигнаа Рамадани, Зекири и Крстевски. За гостинската екипа од Свети Николе двоен стрелец беше Марио Панев.
Бутел без милост го збриша Конзули од Битола со високи 7:0. Мартин Калчев беше двоен стрелец за Бутел, а по еден гол постигнаа Кипријановски, Манџуковски, Тасески, Лазаровски и Тодоровски.
Шкупи со 6:2 покажа сила над Јувентус Серава и патува во четвртфиналето од футсал Купот на Македонија.
Екран Сефери со хет-трик беше најдобар стрелец на средбата, Абдил Кадир Јахја беше двоен стрелец, а еден гол постигна Ерблин Даци. За екипата на Јувентус Серава по еден гол постигнаа Алијевиќ и Шабани.
Проект со 3:6 славеше над Кеги Моби во Велес за следна фаза. За екипата на Кеги Моби која беше домаќин на средбата по еден гол постигнаа Божинов, Стојчев и Адиловиќ, додека пак Александар Божинов си постигна и автогол. За Проект двоен стрелец беше Стојановски, а по еден гол постигнаа Јанев, Михајлов и Благојевски.
Утре играат Клими и Карадаку, а претходно како што објави телевизија М Нет Осогово го доби Кратово со 2:4, Црна Рекка загуби од Железарец со 2:4, а пак СЕЕ Университи беше поразен од Кораби со 8:10.
Александар Ванев, М-Нет