
Три натпревари се одиграа од 1/8 финалето од футсал Купот на Македонија, денес ќе бидат одиграни уште четири натпревари, а оваа фаза ќе се комплетира утре.
Црна Река на домашен терен беше поразена со 2:4 од Железарец кој патува во следната фаза. Даиловски и Илиевски обезбедија рана предност за Железарец од 0:2 по само осум минути игра, а со овој резултат се замина и на полувреме.
Во вториот дел Стрезовски веднаш намали на 1:2, а пак Цветковски постигна гол по три минути за 1:3. Домашниот тим одново намали преку Димов на 2:3 и ја врати неизвесноста на натпреварот. Сепак во финишот Цветковски со втор гол ги реши сите дилеми откако ги постави конечните 2:4.
Во Тетово беа постигна дури 18 погодоци во победата на Кораби над СЕЕ Университи од 8:10.
На полувреме резултатот во Тетово беше 2:5 во корист на гостинот од Дебар. Најголем адут за гостинската екипа беше Есмир Мирто кој беше стрелец на четири погодоци, а воедно и најдобар на оваа средба. Двојни стрелци беа Един Мерсовски и Емил Лимановски, по еден гол постигнаа Ерџан Мало и Дарко Блажевски.
За домашниот тим Ветон Чауши, Адис Фетаи и Фатлам Мисми беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Зеќирија Османи и Ермал Љиворека.
Вчера беше одигран натпреварот меѓу Кратово и Осогово во меч каде прволигашот од Крива Паланка со 2:4 беше подобар противник.
Првиот дел помина неизвесно откако Бобан Начковски постигна гол во 16. минута за водство на Кратово од 1:0, а по две минути новото засилување искусниот Адријан Мицевски постигна гол за 1:1 на полувреме.
Во вториот дел Мицевски со втор гол донесе водство на Осогово од 1:2, а потоа Кристијан Станојковски во 28. минута погоди за 1:3, а пак во 33. минута Мицевски со трет гол обезбеди предност од 1:4 во финишот од мечот.
Во 39. минута Ѓоржи Ивановски го ублажи поразот на конечните 2:4 со што Осогово патува во следната фаза.
Денес Кеги Моби ќе игра против Проект во Велес, Бутел ќе го пречека Конзули од Битола, Шкупи против Јувентус Серава, Форца против Овче Поле, а утре Клими на домашен терен ќе игра со Карадаку.
Александар Ванев, М-Нет