Пазарот во Штип полн, побарувачката задоволителна, пензионерите зедоа пенизја

Прв пазар во месец февруари, пензионерите зедоа пензија, па задоволни од побарувачката се речиси сите продавачи на пазарот во Штип. Велат дека и раздвиженоста е на задоволително ниво, а и денеска најмногу се бараше сезонското овошје и зелена салата. Цените на производите остануваат не променети овој период од годината, иако производството на јаболка на пример е намалено споредбено со лани.

„Од сабајле има движење доволно, има пензии. Кога има пензии, плата повеќе работеме луѓето пазаруваат и овошје и зеленчук. Овошјето кај нас повеќе се бара. Сезонско овошје имаме нон стоп увоз од Грција и Турција. Промена на цените оваа недела нема, освен лимионот кој е 60 денари, а претходно мекиот беше 50 денари за килограм.“ – велат продавачите.

За граѓаните и денеска пазарот е скап. Со пезнијата велат пари има колку за сметки за струја и вода, лекови, а потоа за пазар. Но, најосновното мора да се купи децидни се.

„Кој си има пари ќе си купе, кој нема пари нема да купи. “ – додаваат граѓаните.

Продавачите очекуваат до Прочка цените на дел од производите да се намалат, но децидни се дека се зависи од производството како и увозот на овошје.

Лаура Стојанова М-Нет