Брегалница со „петарда“ на пријателската со Беласица во Струмица

Штипскиот прволигаш Брегалница денес одигра пријателски меч со струмичкиот второлигаш Беласица во Струмица каде „сините“ со убедливи 1:5 беа подобар противник на овој тест-меч.

Андерсон беше двоен стрелец во екипата предводена од Горан Здравков, а по еден гол постигнаа Венегас, Маневски и Мандак.

На овој натпревар шанса добија сите играчи со цел да се провери нивната форма пред почетокот на пролетната полусезона.

Следен тест за Брегалница ќе биде против Дубочица, а пак Беласица ќе игра против Кожуф.

Александар Ванев, М-Нет