Граѓаните во населба Осми Номеври отпадот од домаќинставата да го исфрлаат во периодот од 5 до 7 часот наутро

Граѓаните да го исфрлаат ѓубрето во одреден дел од денот, за ЈП „Исар“ да собира и со тоа да контејнерите да бидат празни. Ова како пилот проект започнува со реализација во штипската населба Осми Ноември. Во пракса ова би требало да се реализира согласно анкетите кои се направени на терен претходниот период. Граѓаните отпадот од домаќинствата треба да го фрлаат во периодот од 5 до 7 часот наутро, а потоа екипи од ЈП „Исар“ да го соберат и на тој начин во текот на денот да нема ѓубре во контејнерите.

„Со граѓаните заеднички констатиравме и утврдивме дека доколку сите ние направиме напори да го исфрламе отпадот во строго определен период тоа би значело дека во текот на денот просторот за исфрлање на отпадот од контејнерите по јавните површини би бил намален. Најсоодветен термин за исфрлање на сметот од домаќинствата би бил од 5 до 7 часот наутро.“ – вели Зајков.

Дополнително во 2024 година граѓаните ќе имаат можност да извршат примарна селекција на отпадот уште во својот дом. Тоа значи дека пластиката и хартија на пример нема да се фрлаат во исти сад со комуналниот отпад и на тој начин се врши примарна селекција на отпадот.

„Раздвојување на отпадот кој го создаваат однонсо генерираат. Што значи сите ние кои живееме во населбата Осми Ноември во текот на денот отпадот кој го созадаваме, а се однесува на пластика, не го фрламе во кесето кое е наменето за комунален отпад туку го фрламе во друго кесе и на крајот на денот го фрламе во контејнерот наменет за пластични шишиња, што значи помалку волумен имаме во контејнерот за комунален отпад.“ – додава Зајков.

Во наредниот период ќе се поделат соодветни флаери и ќе се врпи обука со цел граѓаните да научат да селектираат отпад, како и да се почитува периодот за исфрлање на отпадот на домаќинставта. На тој начин ќе се решава проблемот со отпадот во градот, како и зачувување на почиста животна средина.

Лаура Стојанова М-Нет