
Второлигашот Башкими за пролетната полусезона се засили со младиот и талентиран Шабан Мемети.
Младиот играч за првпат ќе заигра во сениорскиот фудбал, а во Башкими доаѓа од Работнички каде играше во младинската суперлига. Мемети потекнува од Куманова-Милано.
18-годишникот веќе е на располагање на тренерот Баже Јанакиевски.
Башкими есенскиот дел го заврши на 12. место со 18 бодови, а пролетната полусезона ја отвара против Охрид на „Билјанини Извори“.
Александар Ванев, М-Нет