Беса ремизираше со Спартак Кострома на контролката во Аланија

Есенскиот шампион во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Беса утро одигра пријателски натпревар против Спартак Кострома кој заврши без победник 1:1.

Рускиот тим прво дојде до водство со голот на Михаил Земсков во 36. минута, со што на полувреме Спартак Кострома имаше водство од 0:1.

Во вториот дел Беса преку Меметриза Хамза израмни на 1:1 во 60. минута, а со тоа беше поставен и конечниот резултат.

Александар Ванев