Даниел Карчески останува во Тиквеш!

Тоа што телевизија М Нет го најави Тиквеш го потврди – Даниел Карчески останува во Кавадарци, а неговиот договор има важност до јануари 2025 година.

Некои од медиумите го поврзуваа со трансфер во Гостивар, а некои медиуми веќе и го „прогласија“ за нов играч на Гостивар, но телевизија М Нет најави уште пред неколку дена, а сега Тиквеш потврдува дека Карчески останува во кавадаречкиот прволигаш и тој е се’ уште „црвено-бел“.

Тиквеш утре на Градскиот стадион во Гевгелија ќе го одигра третиот пријателски натпревар против второлигашот Кожуф со почеток од 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет