
Празникот Водици или Богојавление вериците го празнуваат како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Јован Крстител во реката Јордан. Со овој празник на крштевањето му се дава значење како на една од повеќето свети тајни во христијанството, а во православието седум. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на животот христијански, човеково живеење во верата. Со овој празник завршуваат т.н. Некрстени денови, а и циклусот зимски празнувања. Се врши осветување на водите, а верниците скокаат во нив за да го фатат Светиот крст за здравје и среќна. Колку младите ги почитуваат традициите за ваков празник, ги прашавме штипјани.
Во повеќето краеви има различни обичаи за овој празник. Познат е обичајот, првиот ден да се капат само мажите и машките деца, а вториот ден невестите и женските деца. Исто така, според народното верување, ако на овој ден има мраз и снег, годината ќе биде плодна и здрава, а во спротивно ќе донесе многу болести. Сепак, штипјани немаат посебен обичај за празникот Водици, ниту, пак, знаат и практикуваат некакви верувања.
Денот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан е денот кога Божјиот Син навршил триесет години од телесното раѓање и тргнал да го извршува Својот учителски и спасителен подвиг. Во мигот кога Јован Крстител го крштевал Исус Христос во реката, во еден миг се појавило Светото Тројство: гласот на Отецот му се јавил на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид – во вид на гулаб на небото, а Синот бил достапен за сетилото за допир.
Ребека Спасова М-Нет