На прсти се бројат свињите во Истокот, недостаток од свинско месо има затоа и цените се повисоки

Од Штип до Делчево на прсти може да се избројат сточарите кои скришно во штала имаат по една или две свињи за сопствени потреби. Со појавата на африканската свинска чума најпогоден беше Источниот регион децидни се сточарите, па народски кажано велат свињи не се одгледуваат ниту за лек. Има недостаток на свежо свинско месо во државата оти нема веќе свиљи кои се одгледуваат. На пример во Истокот има едвај неколку фарми.

„Најмногу удари на потегот од Штип до бугарска граница, Берово, Делчево, па и кај нас Штип и Карбинци. Овде се наоѓа и најголемата фарма, она задоволуваше 20% од потребите на свинско месо во цела држава и затоа сега имаме недостог на свежо свинско месо. Сега ги чистиме фармите за да ги обновиме, ама тоа оди бавно и тешко.“ – вели Серафимов.

Кога е во прашање извозот на свинско месо, Серафимов потенцира дека нашата држава не извезува месо оти едвај се задоволуваат нашите потреби. Токму и затоа забраната за увоз на свинско месо во Албанија за нас нема да преставува удар, бидејќи таму ретко имало извоз на месо. Недостаток има и во останатите држави, па затоа цената на жива мера е малку повисока.

„Нема ништо да значи оти ние во Албанија не сме извезувале месо, не сме имале извоз многу оддамна. Кај нас има недостаток на месо, имаме недостаток на свежо свинско месо, но недостаток има секаде и во Србија и во Бугарија и затоа цените се малку повисоки.“ – вели Серафимов.

Проблемот со свинската чума мора да се надмине согласни се сточарите. Велат помош од државата, нова вакцина или нов метод мора да постои за да не се доведеме во ситуација да нема свинско месо во земјвава.

За време на празниците Серафимов потенцираше дека нема драстична промена во побарувачката на месо во месарите.

Лаура Стојанова М-Нет