Трагедија во светиниколско, во фарма починало едно лице, второто е пренесено во Скопје

фото: М Нет-ТВ

Денеска во фарма во село Анзибегово, светиниколско се случила голема трагедија. Според информации на М Нет-ТВ две лица во фармата се затровиле од хемиска материја, едното починало на лице место, второто било пренесено во Клиничка болница Штип, но поради сериозноста на состојбата е префрлено на лекување во Скопје. Повеќе информации за овој случај се очекуваат во текот на утрешниот ден.