Со песна малите коледари утринава го најавија христовото раѓање

Со песна малите коледари утринава го навестија христовото раѓање. Од утринава се слуша дектскиот глас по домовите, а децата го најавуваат големиот христијански празник Божиќ. За добрата вест се наградува, а награда за малите коледари е отворена врата, пречек, радост и дарови. Домаќинките за децата подготвуваат колачиња, овошки, дарови од природата и по некоја паричка.

„Сите деца од маалото се собираме и одиме по куќите и пееме песни за раѓањето христово. И ние добиваме колачиња, парички, оревчиња. Секоја година одиме на коледе“ – велат малите коледари.

Со традиционалното пеење по домовите малите коледари секоја година на 6 јануари го навестуваат христовото раѓање и го најавуваат големиот христијански празник Божиќ.

Лаура Стојанова М-Нет