Двајца пијани малолетници завршиле во болница за Нова Година во Штип, во Кочани немало пијани пациенти

Двајца малолетници завршиле во болница заради пијанство на Нова Година. Речиси 25 интервенции се регистрирани во Брзата помош Штип само за трета смена за време на новогодишната ноќ, 21 амбулантска интервенција и 3 домашни посети. Од Итната помош Штип велат дека ноќта била главно мирна и стабилна.

„За време на новогодишната ноќ имавме 21 амбулантски преглед и три домашни посети. Немаше интервенции заради сообраќајни несреќи и тепачки. Регистрирани се три пијанства, тројца пациенти претерале со консумирање на алкохол, двајца од нив се однесени во болница и се малолетници. Но, ноќта претежно беше мирна и стабилна“ – велат од Итната помош.

Мирно новогодишната ноќ ја поминаа и граѓаните во Кочани. Интервенциите во кочанската брза помош биле поврзани само со пацеинти кои побарале помош и биле третирани со соодветна терапија. Немало регистриран ниту еден пијан пациент.

„Службата за итна медицинска помош регистрира мирна новогодишна ноќ, без интервенции поврзани со прославувањето на граѓаните. Регистрирани се 146 интервенции и 9 повика. Пациентите се жалеа на настинка и грип, и интервенциите беа главно заради главоболка и покачен крвен притисок. Немаше ниту еден пијан пациент кој побара помош.

Слична е состојбата и на хируршкото одделение. Дежурните доктори интервенирале само на пациенти кои побарале помош и биле третирани со соодветна терапија, но не се поврзани со новогодишната прослава. Генералната оценка е дека граѓаните на Кочани прославуваа одговорно“ – велат од кочанската болница. с

За разлика од претходните години кога бројот на интервенции од пијанства беше драстично голем, сега граѓаните се однесуваат поодговорно децидни се од болницата.

Лаура Стојанова М-Нет