Дедо Ристо и дедо Симеон од Штип живеат по повеќе од еден век, во добро здравје ја дочекаа и оваа година

Дедо Ристо и дедо Симеон, највозрасните жители на Општина Штип, живи и здрави со нови моменти за паметење и прераскажување ја поминаа 2023 година и ја дочекаа новата 2024 година. Нивните синови Димче и Круме велат дека без здравствени проблеми, во љубов и хармонија поминала годината, со многу заеднички моменти. Посакуваат среќа и бериќетна и 2024 година.

„2023 година убаво помина, фамилијарно, и татко ми седе со нас. Годината му помина многу убаво, не е бил болен.“ – вели Димче.

„Скоро исто како лани е, повеќе е во лежачка состојба, може да стане сам од креветот до масата, ама нозете не го држат. Не е имал здравствени проблеми, одличен е, јаде доволно, добар е здравствени проблеми не е имал оваа година.“ – додава Круме.

На првиот ден од новата година највозрасните жители ги посети и првиот човек на Општина Штип, Иван Јорданов. Топло преќекан во домот на семејството Наскови истакна дека чувството е прекрасно да се разговара со личности кои поминале многу и тоа го прераскажуваат на идните генерации.

„Прекрасно е чувството кога ќе се поразговара со семејството на највозрасните наши штипјани кои ни раскажуваат како поминале многу предизвици, многу убави моменти“ – вели Јорданов.

Дедо Ристо годинава ќе наполни 102 години, а дедо Симеон е 104 години. Живеат во штипски Караорман и се највозрасните жители во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет