
Безбедносната состојба на територијата на СВР Штип за време на новогодишната ноќ беше стабилна, благодарение на преземаните плански мерки и активности и засиленото присуство на терен на полициските службеници заради превентивно спречување на казниви дела.
Ве известуваме дека на подрачјето на СВР Штип за време на новогодишната ноќ регистрирани се две кривични дела од кои една „кражба“ и една „телесна повреда – семејно насилство“, 5 прекршоци од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир: 2 „тепачки“, 2 „физички напади“ и 1 „нарушен јавен ред и мир со карање и викање“, 4 преземени полициски овластувања и тоа 2 лица лишени од слобода, 1 писмено предупредено лице и 1 извршен спровод на лице и 2 сообраќајни незгоди со материјална штета.