Нова тренинг соба отворена во кочанското средно училиште „Гошо Викентиев“

Нова целосно опремена тренинг соба доби кочанското средно училиште „Гошо Викентиев“. Училницата е со ПЛЦ уреди кои ќе се користат од страна на учениците, за реализирање на нивните вештини, но и за стекнување нови знаења. Директорот Владо Сименов посочи дека ваква училница е од огромно заначење за училиштетото, а придобивките се на сметка на учениците.

„Самата училница е опремена со ПЛЦ уреди каде се врши програмата на самата контролери кои се вклопени во сите елементи кои ги имаме дома. Самата училница е опремена со четири ПЛЦ уреди кои се придружени со одреден број сензори, извршни елементи… Се надеваме дека нашите ученици успешно ќе ги реализираат своите вештини, ќе стекнат нови знаења.“ – вели Симеонов.

Во СОУ „Гошо Викентиев“ ваква училница имаше отворено и претходно во 2019 година која се користи и денеска од страна на учениците. Целосно опремена е и новата тренинг просторија, а инсталацијата е направена од страна на средношколците.

„Тоа беше за кремпирање и лемење целосно опремена училница, која работи и ден денеска и нашите ученици таму изведуваат практична настава. Новата просторија – тренинг центарот е опремен, а овде придонес дадода и нашите ученици кои ја исталираа инсталацијата“ – додава Симеонов.

Отворањето на тренинг собата во кочанското средно училиште е со помош на УСАИД и општествено одговорна форма од Кочани.

Лаура Стојанова М-Нет