
И Општина Свети Николе го чествува патронот на својот град, празникот Свети Никола. Голем број граѓани денеска на плоштадот во Свети Николе заеднички со народен собир, музика го прославија заштитникот на својот град. Градоначалникот Дејан Владев го честита празникот на сите граѓани.
„Во мое име и во името на Општина Свети Николе сакам да го честитам овој светол, голем ден Свети Николај – партон на нашиот град“ – вели Владев.
Во посета на Свети Николе денеска беше и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Овој ден да биде ден на сплотување и заедничка победа порача Мицкоски.
„Ценам дека ова се моменти во кои треба да се сплотиме и обединиме, моменти кога секој секому му е пријател. Уште еднаш ќе ми дозволите и на светиниколчани, но и на сите оние кои овој голем ден го слават како слава или именден, да им го честитам и да им посакам на сите граѓани многу здравје и бериќет. “ – додава Мицкоски.
Празникот Свети Никола е заштитник и патрон празник на Свети Николе.
Лаура Стојанова М-Нет